наеднаш (прил.) - сосема (прил.)

Индивидуата иако со мало задоцнување сепак сфати дека не смее да ме пречекува застанат мирно, како што се пречекуваат големците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, не многу после тоа од својот прозорец Змејко можеше да гледа како неа ја истуркуваат, разматувајќи ја, едни црвеникави, осојничави ветрови, што избодинуваа како незадржлива пепелничава коњица од северното небо, внесувајќи некој токму таков пепелаво-модрикав немир, во оние бездони пробиви, што ги оставаа по себе во исковитланата и наеднаш сосема поинаква, плаховита смиреност на облаците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш сосема неочекувано дојде до промената.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој многу ги сакаше силните ефекти, сакаше наеднаш сосема да зачуди некого, а потоа да погледне отстрана каква гримаса ќе направи зачудениот по таквите зборови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги виде сега наеднаш сосема добро - такви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)