наеднаш (прил.) - ѝ (зам.)

Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во случајот со Циганка, тврди Милер, ликот на мајката се здобива со посебно значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто Циганка експлицитно е мјузикл за мјузиклот, сместен во контекст на водвиљот, а Милер ја поврзува мајката со пристапот до сцената, со дозволата што му се дава на настраното машко дете да изведува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога мајката наеднаш ѝ се свтрува на ќерка си во кулминацијата на крајот од вториот чин, вели Милер, Цинганка предизвикува мошне гаден шок кај геј-гледачот. ‌Театарската или музичката изведба во западното општество не е машко право стекнато со раѓање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На Криста, нашата сосетка во Гнездо, животот наеднаш ѝ се испревртел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа било непосредно пред да ја донесат во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И неочекувано откривам како во мојата замисла Виктор наеднаш ѝ приоѓа, како со еден зафат на раката ѝ го откинува десниот ракав, а потоа секавично неговата рака повторно се крева и сета десна половина од фустанот останува згмечена помеѓу неговите прсти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)