наеднаш (прил.) - сѐ (зам.)

Наеднаш сѐ е како скаменето: ни молив на чкртне ни лист да шушне.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ете што е животот, рече Дуко Вендија, ништо не е. Пиши, бриши. Ќе пишуваш, пишуваш, рече, а смртта наеднаш сѐ ќе ти избрише.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со тоа како да го снема и денот и неговата длабочина и наеднаш сѐ стана сосема, сосема празно и плоско.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)