наеднаш (прил.) - го (зам.)

Сигурно наеднаш го удрило и така го простил Господ братучедот мој Методија, ме остави без убавиот муабет што си го имавме, лесна да му е земјата".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И чудно ни беше што сето тоа наеднаш го снема и дека во нас завладеа некаков мир во кој се почувствувавме деца и почнавме да си играме како деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се тресел, од корен трепетел, младите мускули му се скаменувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе јачел. Пролет, ми се потсмеваш ли? Наеднаш го заплиснал бран на навреденост, на очај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Дури и оние од пред три дена уште не се освестија ваше превосходство, знаете и самиот дека некои и по цела седмица молчат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Добро е што нив вчера, прексиноќа и денес некако наеднаш го донесоа. Инаку на десет стапки околу нас сите се од ланските.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа наеднаш го разбуди од неговата притивната прибраност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш го снема. Го немаше цела една пролет; дури од ненадеж не се расчу дека заминал со партизаните.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Глигора наеднаш го зафати страв за Арса. Со тревога го следеше трепнувањето на вената.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор наеднаш го пресече раскажувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нешто наеднаш го жегна, го прободе и го одзеде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во привидот на разбрануваната вода, веднаш зад грбот на Лев Петрович; во необјаснивото видение што и овојпат го создаде завесата и прекривачот на каучот, наеднаш го видов Адам, како силуета, и штотуку разбуден.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А наеднаш го узнав она, најстрашното: дека е непријател, дека е злосторник, и дека не ја заслужува слободата за која и не можам да речам дека му ја донесовме ние бидејќи и тој самиот за неа се бореше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овој чуден изблик на недоразбирања следени од необичното однесување на Јана наеднаш го прекина гласот на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не реков дека му била љубовница туку дека беа блиски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Несомненоста на откритието што и не помислував да го сместам во папките на сонот, зашто и не беше дојдено од таму, наеднаш го сфатив како порака или како наговестување на сомнението дека можеби не сме гости само на еден единствен живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден ден тврдиш дека знаеш понешто а веќе идниот ден соопштуваш дека веруваш оти Јана му била љубовница на Самоников и наеднаш го искажуваш и сомнението :дека сте се сретнале пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доаѓаше низ некоја мрежеста темнина од која најнапред се појавија неговите кафејаво земјени прсти со многу кал под ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем кој ни ги испраќа таквите виденија, се запрашав?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Којзнае колкава била изненденоста па и уплашеноста на Иван Степанович кога во очите на својот толку очекуван син наеднаш го открил погледот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа и овој глас наеднаш го снема. Сосема се загуби, а јас останав сам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не, навистина морал нешто да преземе и да не дозволи синот негов некогаш, во огледалото, да ја открие насмевката на својот вистински татко.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама да го имаш, зашчо ако го немаш, тогаш јаска лично ќе те стреља! - му подвикна и му ја пикна под нос цевката на пиштолот што наеднаш го извлече од зад појас. - Ќе те стреља като бесно куче!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лесна сенка на сомилост кон рибарот, наеднаш го измени и го смекна однесувањето на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)