надолу (прил.) - кон (предл.)

Минавме низ дворот, излеговме на патот, свртевме надолу кон потокот и застанавме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Едната од нив ќе изврши удар на општината, другата на училиштето, а третата ќе го држи патот што води надолу кон џадето ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сочувствително му ја префрли раката преку рамо и како да го придржува, го испрати до вратата каде што му се поклони на семејството на Сандра кое тргна по долгиот ходник натаму кон скалите што водеа надолу кон излезот во кој бликаше сончевината на денот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Уште малку, па Севда ќе треба да ги потера воловите надолу кон дома, ама не може да се разбуди од сонот во којшто е зајдена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Брзо се сврте и зачекори надолу кон средината на теренот, подалеку од кулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледна надолу кон шумата низ која што се искачуваа ваму, а потоа нагоре кон врвот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дај ми една причина за да останам овде Иако поради маскирната униформа над слоевите зимска облека и ранецот на грбот не можеше добро да погледне надолу кон своите гради, знаеше дека го притискаат редениците со куршуми.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На светлината на месечина, од раната која не можеше да ја види, некаде на средина на градите, му се ширеше свежо расцветана дамка крв.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледна надолу кон градите, едвај веднејќи ја брадата поради крутоста на подмрзната униформа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Седеше и гледаше надолу кон селото, кон куќата и оџаците што започнуваа да чадат, кон луѓето што се распрснуваа на сите страни по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И дури се чудиме и нас, неосетно, нѐ позема матицата, нѐ повлекува надолу кон пругата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Може вака, треба да угасне племето наше, велиме ние и гледаме надолу кон чадот што се крева зад буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекорите му ги слушаше постојано зад себе и постојано на иста далечина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе не знаеше што да направи повеќе. Ја фати паничен страв и летна да бега надолу кон автобуската станица на патот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сонцето наутро најпрвин на нив ја истура својата светлина, а потоа како блескава поплава слегува надолу кон полето и во него најдоцна останува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги крева рацете Богдан, се фаќа за железните шипки од креветот и прави напори да се крене, да стане, но оние исти полипи што го тргаа во болницата, пак го тргаат надолу кон водните длабини да не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се упати право надолу кон куќата на дедо Најдо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Трајче и Евто слегуваа од Пишишки Камен, надолу кон Мацково, на зелената падина партизаните пееја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Упорно суриваа надолу кон орманот посрамено и без зор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Винко само ги гризеше усните и почесто погледот го фрлаше надолу кон нозете, кон кутијата во која беше пикнато кучето и кое мрдаше барајќи да излезе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Зафајќајќи му ја првин горната широка витка и одејќи надолу кон шилестиот врв што го држеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тефик не бил многу уверен дека овие не го лажат, ама се немало како-загарот не знае да зборува та да му каже и така си ја подвиткал опашката и си заминал накај реката да им се придружи на ловџиите кои со дење слегуваа надолу кон Небиље.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така Екрем го зеде овенот од дедо Стефан и замина надолу кон Небиље, тргајќи го со себе врзан на пороже за рогови.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дури подоцна истиот ден некој ја нашол маската натоварена како си пасе, ги собрал расфрлените работи и кога тргнал надолу кон селото, детето почнало да плаче од вреќата и така дедо Стефан останал жив и здрав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Веднаш потоа јурнавме надолу кон селото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Внимателно се симнавме до подножјето на големата карпа покриена со лишаи и мов и тргнавме надолу кон реката што шумеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)