надвор (прил.) - и (чест.)

— Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Лепешкари! свика тој, да го чујат дури надвор и чукна во тупаница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)