надвор (прил.) - пука (гл.)

Надвор пукаат мразулци: стрмнуваат прузниздолно стрелно и со звук божем се стори со зимата, готово е!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)