нагоре (прил.) - кон (предл.)

Така насмевнат, бев ја кренал главата и бев ја свртил настрана кон патеката што водеше нагоре кон другиот дел од селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— И си тргаа нагоре кон Маргара, каде во долот го чекаа Андон и Куле со есирот Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тргна крадешкум, зашто за трчаница немаше ни жили ни сили, нагоре кон планините, каде што остануваше единствениот излез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги тераше говедата низ село и над село нагоре кон Милков грм, знаејќи дека сега ништо друго не ѝ останува освен побрзо да ги отера говедата дотаму, да ги скротне да пасат, да се пласне под својата дивјачка и таму да плаче, да липка и да си ја корне косата додека умот не ѝ легне или не дојде Пандо да ја грабне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа погледна нагоре кон Даниел и леден прст ѝ го допре срцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислиш дека ќе заврне? – рече Еразмо, упатувајќи го погледот нагоре кон натежнатите облаци кои како огромни сиви вреќи тежеа над планината со сета своја влажност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Насекаде имаше фенери, факели, и неколку силни огнови чии пламења се извишуваа кон темното небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледна надолу кон шумата низ која што се искачуваа ваму, а потоа нагоре кон врвот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ние само се опуливме кон тоа дупката, кон раскопаното и после нагоре кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде, ајде - одиме, се искачуваме нагоре кон шумата. Ќе фаќаме ветар како Давидета Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сето тоа му изгледаше дека го гледа во крупните очи на мајка си и на сестра си, додека гледаа нагоре кон него низ зелената вода, стотици метри долу, и натаму тонејќи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледна нагоре кон О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред школото врвеше патот, сум го одбележал на картата, широко џаде што доаѓаше од градот Б . преку Црноечката долина и, врвејќи низ Долнец, заминуваше нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Значи, пат дотолку да може да се стигне до онаа единствена куќа на Симона во Долнец и да се продолжи нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Завртив со главата во чудо, а потоа стегнав на гасот на тракторот и заминав нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Зафати да шета околу селото, по планините, одеше кај оградата од црковниот двор што ја изградија со жена му, удираше со копач да ја урне, ја вадеше капата, ја креваше главата нагоре кон небото и викаше: - Господе, името да ти се сотре!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дедот Петко му рече на сина му да ги бележи обете ракии и излегоа со попот нагоре кон Чкуловиот ан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата ја зазеде Старавина, ја ограби, ги изгоре куќите на бунтовничките водачи, па се запати по реката нагоре кон Градешница.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мачката ѝ беше на поголемо растојание па откако пак изврти со по едно око на сите страни околу себе, пак погледна во мачката па во гранката под неа и брзо слезе на гранката под себе, ѝ се приближи на мачката и во тој момент мачката се собра назад и се фрли нагоре кон страчката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Освојуваа лозје по лозје, пребегнуваа од грмушка до грмушка и од меѓа до меѓа додека не излегоа од патот што од џадето се исправа нагоре кон селата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
После тој им собра секири по село, им ги подели, фелдфебелот Милан му потпиша и тргнаа по патот нагоре кон манастирот света Богородица да сечат трупци и греди за зајакнување на окопите на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вкусен си им. Чивавата, исчекувајќи, глетка нагоре кон лицето на господарот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во меѓувреме, незабележливо, девојчето го наближило кајакот до брегот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Исправени нагоре кон сините светови на тишината, неговите мисли и мислите на брат му пловеа заедно со неа, безгласни, ведри меѓу островите од облаци кајшто спијат дивите молњи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Притоа готвачот го истренира парчето месо да го фаќа в уста, да скока нагоре кон неговата рака, да му прави задоволство и забава.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тоа утро дедо Стефан и јас ги истеравме овците нагоре кон манастирот токму кога сонцето блештаво чакна со својата златна светлина по планинските врвови над нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Стоеше така долго, загледан занесено во колоната, што се губеше во далечината, по тоа крена поглед нагоре кон знамето, кое што се вееше на високиот јарбол.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се сврте лево-десно, пречекори неколку чекори, изгледаше уплашена, па ја летна нагоре кон стрмнината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дена воодушевено плесна со рачињата и потрча по неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)