нагло (прил.) - го (зам.)

Мече сакаше уште нешто да прирече, но Беличот нагло го сврте чунот накај една од малите купи, обраснати со шавар, што стоеја сред водата како острва.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ова беше друго, второ будење, кое нагло го повлече од болното измачување, така што се крена и седна на креветот, и налет од мисли за градежниот проект му пројури низ мозокот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа беше ситна, со мали тврди бутови меѓу кои Ниротакис на моменти нагло го смируваше темпераментот, со бавни и нежни лизгања својата набрекнатост ја спушташе кон дното што го насетуваше во талогот вжештена слуз, потоа се враќаше назад, исто така бавно и нежно, додека Деница ја поткреваше половината, се поддаваше нагоре, а тој на таквиот знак на понуда за игра одговараше со изненадно менување на интензитетот на движењето, низ брз ритам што предизвикуваше силни крикови на обострана сласт и задоволство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одамна потиснати и заглувнати немири - нагло го обзедоа и растресоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто така нагло го прекинавте школувањето за да заминете во војска?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата:  „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ајде... Нагло го пресече сега примашот и му се скара што уште не станува да ја исполни порачката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)