нагло (прил.) - почне (гл.)

Звукот на екагето се слушаше со паузи. Притисокот нагло почна да опаѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нивото на Езерото нагло почна да се намалува, водата се повлекла и крајбрежието останало суво, зошто нивото спаднало за повеќе од три метри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Особено кон јаричките, кои, нагло почнаа да се иселуваат во туѓи кокошарници во соседството, та дури и во Америка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)