навреме (прил.) - го (зам.)

- Што повеќе да бараме од него. Та нели навреме го заврши факултетот. Стана почитуван и ценет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
МАНОИЛ: Е, што и да се случи, јас навреме го исполнив својот долг. Кој може нешто повеќе да бара од мене!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Разговорот, за кој не се знаеше кон што води и во што може да се изроди, навреме го прекина Стрела.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одвреме навреме го завлекувам кришум показалецот на чашата и го оближнувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Офицерот навреме го сокриваше полупразното ќесиче. - Биди, биди. На татковината ѝ требаат соклиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За секој случај, не само Чана и Роса кои навреме го исполнија ветувањето дадено на баба Петра и пред големите дождови го имаа ископано нејзиниот гроб, туку на дедо Господ му беа благодарни сите Егејци од населбата Мичурин што ги засолнал токму зад овој насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Новиот Шоку Кароца, така во прифатилиштето го викавме единствениот албански службеник кој беше задолжен да не снабдува со храна, навреме го носеше јастието.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Низ населбата излегоа на драчевскиот пат и навреме го фатија автобусот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Под него се наоѓаше везировиот тркалезен печат, поделен на две нееднакви полиња: на поголемото пишуваше: Јусуф Ибрахим, вистински роб божји, а на помалиот везировата девиза: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму кога тоа го наредуваше – беше мирно утро кон крајот на летото – му ја донесоа молбата на еден млад и учен цариградски муалим, кој беше родум од Босна, инаку многу надарен за пишување убави стихови и кого везирот одвреме навреме го даруваше и му помагаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)