навистина (прил.) - прекрасно (прил.)

КЛАУС: Да. Забележав дека тука луѓето навистина прекрасно пеат и играат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Камили, слонови, крстосници во напад!... Колеж на коњица!... Сите варвари во бегство!... Навистина прекрасно...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)