навистина (прил.) - веќе (прил.)

Во бившата СФРЈ којашто 40 години нѐ маваше во глава со паролата „ништо не смее да нѐ изненади“, денес навистина веќе ништо не нѐ изненадува. Маргина 36 41
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сенката на гавазот навистина веќе паѓаше на прагот од вратата, а сончевиот зрак однадвор поминуваше околу него и осветлуваше жолта патечка во студената темнина на црквата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А што се однесува до потокот, тој навистина веќе се тенчеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност уште додека наближувавме кон водата Иван го навести тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку телото е способно да го изрази или репрезентира субјектот доколку го замислиме како простор за негова изградба? ÂÂ Без визуелна експозиција на човековото тело навистина веќе нема добар спектакл.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден од најчестите перформативни простори е самото тело, телото кое се изложува, сецира, се снима однатре, се мери и станува сцена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Селото навистина веќе мирисало на свадбарски чорби од пресно бравско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би сакала уште да си позборуваме, но навистина веќе се чувствувам поспано.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Вистина? Богами е доцна, па и мене ми се приспа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мене навистина веќе ми е сè едно дали бевме и колку бевме жртви на нашата неупатеност!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)