навистина (прил.) - ѝ (зам.)

Неверојатен глас со боја на дивината. Навистина ѝ се восхитувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му плаќаа двојни трудо-денови за сите тие дни, што требаше да ги преседи тука, а и да не беше тоа, тој пак ќе се согласеше да дојде, зашто на Задругата навистина ѝ беа потребни штици.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина ѝ завидував на нејзината увереност и истрајност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете тоа беа моментите кога не само што помислував туку и верував дека, во нејзиниот случај, милувањето има волшебната моќ и дека рацете навистина ѝ се престоруваа крила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие денови, кога Загорка Пеперутката ја носеше во косата најголемата црвена пеперуга што некогаш ја видел светот, беа некако чудно пролетни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина ѝ трепереа. И знаев зошто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека ги милував чувствував како кожата ѝ станува најмеко перје.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Како не ти е срам да ја оставаш мајка ти толку долго да чека, - рече Бистра и ја погледна Мони, која кимна со главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Носот навистина ѝ беше во воздух.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А навистина ѝ беше полна, со маалските деца, со верните соседи, кои се грижеа за нашата, но и нивна Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)