навистина (прил.) - некој (зам.)

Сепак сакал да им се приклучи на размислувањата и на предвидувањата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навистина некое опасно селанче. Како да го подучувала државата да заплашува во нејзино име но без да ја спомнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ами ако е навистина некоја маѓесница, вештерка и мене да ме натера да рипнам од пенџер? – се праша во себе суеверниот кадија и се стресе, убеден дека и такви има на светов.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Добро - наеднаш како да се согласи таа – можеби сум навистина некоја од поумешните!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Лук, ракија. Можеби навистина некоја чума со црни нокти му ја извадила од грло душата на ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)