навистина (прил.) - сум (гл.)

Јас, драги Џим, навистина сум вџашен!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„ Всушност, јас навистина сум токму таква сорта на девојка каква што изгледам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледа, Тета е во право, јас можеби навистина сум кич дете?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, на пример, воопшто немам желба да одам на филхармониски концерт и му се чудам на бато што толку го интересира таа музика и како може да му се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали навистина сум пораснала па што така реагирам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не бев сигурна во што е работата, бев само радосна и тоа беше доволно во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас ѝ раскажував за селото на Игбал и за сето тоа што го видов и што го доживеав кога бев со него на килимот, ама таа мислеше дека моето раскажување е дел од нашето измислено патување и на крај памет не ѝ паѓаше дека јас навистина сум била таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако изгледаше дека воопшто не се сомнева во вистиноста на мојата приказна: - Згоден тој твој Игбал? - ме праша сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се стемни пред очи. Решив да му се одмаздам со своја песна, да го понижам, во исто време да заборавам на неволата што ме снајде.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Веќе не знаев дали навистина сум видел гасеници и бели призраци или само така ми се сторило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби јас навистина сум ѓаволот или пак, како што најчесто имам дарба, сум камелеон.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Старче, со чемерна замисленост повтори Доце Срменков; воздивнал неутешно, лицето му се збрчкало. - Така е, старец сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас ревносно трагав по рублицитетот на издавачот....
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Јас навистина сум тажна поради новоста која ми ја најавувате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И затоа, на крајот сепак ќе си речеме: Навистина сум смешен! Сешто си замислувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Погледнав низ прозорецот кој нудеше поглед од верандата, па низ оградата и понатаму низ потемнетата рамнина исипана со неколку раштркани, големи, бели куќи, слични на таа на тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Попусто се обидував да ѝ докажам дека навистина сум се најал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Зашто, како што гледаш, навистина сум грда.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)