навидум (прил.) - цврст (прид.)

Неговата друга димензија, онаа што се крие во зборот кажан за него, откако ќе се додаде на неговата слика на материјалното постоење, го прави вистински жив, духовно богат, способен да се противстави на минливоста која постојано му се заканува на неговиот навидум цврст материјал...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се соблече до половината и го фрли аливцето врз торбата, па почна да се плиска со ладната вода - од лицето сосе главата, преку вратот и под мишките, до папокот и плеќите - токму како што правеше татко му, и лете и зиме, меѓу еден затвор во еден до друг затвор во друг режим, навидум цврст да издржи трет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)