навидум (прил.) - бев (гл.)

Кога навидум беше смире­на, ја прашав: – Мајко, ти еднаш велеше дека секој има душа. – Има, има, синко, но само ако ја заслужи, ако дојде до неа! – А како, Мајко, се доаѓа до душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбира, навидум беше многу поразлично од писмото чијшто подробен опис ни го прочита префектот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За мене ова беше уште една таква ноќ и до моментот кога пристигнав на мојата станица веќе знаев дека ќе ми помине, ќе бидам доволно опоравен за да можам да пешачам до дома по мрачната улица составувајќи поеми за копнеења кои што никогаш не ги запишував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тројцата навидум беа спокојни, се преправаа како нејпријателски да разговараат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас бев Д. Х. Лоренс на не правењето, гласот на сите потенцијални љубовници кои копнееа и се плеткаа, но сѐ уште го немаа сторено тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајка навидум беше смирена и даде знак да почнеме да јадеме, особено ние помалите деца.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа што за другите, гледано от страна, очигледно или барем навидум беше кавга, за нив, во неа, не беше ништо друго освен расправа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)