навечер (прил.) - го (зам.)

Едвај околу единаесет навечер го смири една стара болничарка која се досети да му чита приказни од Цепенков.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А штом ќе останевме сами, тој ја оставаше книгата, и легнувавме на креветот кој навечер го делев со Паулина, се покривавме со чаршафот држејќи го со прстите една педа над нашите глави, и потоа минувавме низ некакво блаженство во кое се чувствувавме како споени садови: во таа блискост која посакуваше да трае засекогаш и миг повеќе, во тоа наше едновремено вдишување и издишување, додека така лежевме под белото небо на чаршафот, Зигмунд ми кажуваше за чудата на природата, за долговечноста на ѕвездите и за нивната смрт, за непредвидливоста на вулканите, за брановите кои го разјадуваат копното, за ветриштата кои можат да галат, но и да убијат, а јас чувствував опиеност од неговите зборови, од неговиот здив, од допирот на нашите тела кои лежеа едно до друго.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останувавме во таа опиеност сѐ дури не се изморевме од неа, додека не заспиев, а се будев кога мама и татко, сестрите и нашиот малечок брат, тукушто вратени, ќе завревеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Навечер го товараме магарето со пењушки и си одиме. - Со пењушки најдобро се вари грав и леќа, вели Велика, оти пењушката не гори, туку само го држи огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)