навечер (прил.) - ги (зам.)

„Некои Мариовци во саботата навечер ги зачекале мусинските и острочките качаци, што ги пленуваат пазарџиите по Слива и му ги наполниле задниците со сачми".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои од нив навечер ги будат удари по вратата, други се во постојана кавга со некој невидлив соговорник, трети ги затвораат ушите затоа што не можат да ги издржат неподносливите пискотници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето, и таму каде што нагризувањето е најсилно, се отвора една поинаква стварност. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отпорни се на жештина, ама сепак преку ден свенуваат. Навечер ги полеваме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секоја година по едно скалило качувај се нагоре, ми вели, мрдни го газето, ми вели, и ме држи со испуканите дланки што навечер ги мачкаше со сало и со коломас за да му смекнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)