наваму (прил.) - натаму (прил.)

Огромното лице ( затоа што постојано го гледаше на постери, секогаш мислеше на него како на еден метар широко ) со неговите тешки црни мустаци и со очите што го следеа наваму натаму, изгледаше како да рее во неговиот ум само од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу на улицата ветрот мавташе со искинатиот постер наваму натаму, а зборот АНГСОЦ соодветно се појавуваше и исчезнуваше. Ангсоц. Светите принципи на Ангсоц. Новоговор, двомисла, променливост на минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Писмата фрчеа наваму натаму.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сега и роднините ги размотува наваму натаму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Борејќи се против (всушност бегајќи од) Русите во 1945 год., тој бил погоден во рбетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
“Не можев да станам, и сѐ уште се сеќавам на оваа визија: Ах, ќе бидам во инвалидска количка тркалајќи се наваму натаму помеѓу полиците со книги.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од Белград до Куманово речиси престојав на една нога. Навалиле луѓево. Начекале евтини карти, па само одат наваму натаму.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но како што минувало времето тој сѐ помалку пишувал на таблата а сѐ повеќе цупкал и се шетал наваму натаму, пуфкајќи со пурата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На прашањето како се момите, што прави дедото, таа мудро одговори дека тие се добро и дека уште подобро ќе им биде, дека тука сме меѓу наши, сполај му на господ што ги врнала тука, а и дедото Диониш вели Ки гу закопаме у наша земја! ама откако го рече тоа, за да не внесе тага во срцето на Петра, или за да не ја зголеми, таа знаеше дека во срцето на Петра има голема и тешка тага, Ејми ко ки умре чувекут с та земја е арна! и се свртува на кај Чана која оти нема кај да седне, туку се подместува наваму натаму, Ако придоуже убаво време да ојме да паламе работа јас, ти, мојта гулема, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ми се гади од течењето на времето наваму натаму, од реки и ел.енергија, техника, цивилизација, политика и пропаганда.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)