набрзо (прил.) - станува (гл.)

ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Биографиите се наредени по абецеден ред во рамките на еден материјал кој полека се надоградува, а податоците непрекинато се акумилираат и создаваат еден дискурзивен, отворен и незавршен есеј за природата на СНН и, бидејќи набрзо станува очигледно дека податоците во голема мера се филмски, тие исто така даваат материјал и за есеј за природата на филмската уметност и филмските конвенции, за раскажувањето и за други нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нови импулси на уметничкиот живот од март 1910 дава списанието „Der Sturm” основано од Херварт Валден, и коешто набрзо станува место на собирање на сите авангардни тенденции.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)