мошне (прил.) - внимателно (прил.)

Можеби таквиот негов однос со драмскиот текст ме наведе внимателно, мошне внимателно, да ги прочитам неговите дневни белешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Татко авторитетно продолжи: Писмото и азбуката со кои се служеа Турците беа и за нив исто така, позајмени од арапската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бројките од трактатот „За писменех“ треба да се разгледуваат мошне внимателно, затоа што 38 букви има и кириличното писмо без грчките букви останати во алфабетската низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, дотогашното позајмување на грчките системи на писмо течело токму во таа насока - позајмување на унцијалното писмо, каков што е случајот со коптскиот и со готскиот системи на писмо. 5.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас мошне внимателно ги подготвувам местото, времето и начинот на својата смрт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можам да се обложам дека никој нема да се повика на капиталните семиолошки студии на Еко (Отворено дело, Шесте прошетки низ наративната шума...) или на неговата откачена фељтонистика (Diario minimo, на пример...), туку сите најпрвин ќе с закачат за Името на розата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Изгледа дека на сите нам што го практикуваме таквото дистанцирано (или академско?) читање, постојано ни се случува истото: текстот на речиси секој од своите колеги да го следиме мошне внимателно, но притоа да го апстрахираме самиот скриптор онаа загадочна persona dramatis, која успеала да се избори за разновидноста и за множеството на совладаниот материјал, за да им го овозможи на своите читатели концентрираното естетско задоволство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Добро, ние знаеме дека нивното авторство е несомнено и драгоцено, ама сепак остануваме фокусирани на текстот а не на неговите пишувачи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Влатко гледаше и слушаше со стишен тон, зошто тато Петре имаше распослано материјали и ги разгледуваше мошне внимателно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Петрович се загледа во него мошне внимателно со единственото подзамижано око и Акакиј Акакиевич, без да сака, проговори: Добар ден, Петрович!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали Борхес знаеше дека неговото наследство ќе бидат точноста и строгоста во јазикот, односно, повеќе кодот отколку пораката, стил а не суштина, естетските артефакти отсечени од светот на искуството?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но во почетокот, Борхесовиот став кон напишаната страница беше став на еден Маларме, став на крајна строгост и прецизност.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Подоцна тој падна во стапицата на користење една единствена придавка, на очигледен начин, за да го восхити читетелот, понекогаш претворајќи го делотворното средство во недостаток.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За ставот на еден човек кој, кога пишува реченица, мошне внимателно размислува, не за тоа која придавка да ја додаде, туку која да ја исфрли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)