мошне (прил.) - сложен (прид.)

Овој кус, но мошне сложен текст е еден од последните што Делез ги напишал пред својата смрт, а објавен е како додаток во новото, Фламарионово издание на Дијалози помеѓу Жил Делез и Клер Парне, испечатено годинава. 1 Michel Casse: Du vide et la creation, ed. O. Jacobs, 72-3.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа неговите филмски приказни имаат мошне сложени заплети, кадешто документите, историските податоци и плодовите на фантазијата се јавуваат фино избалансирани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Работата, меѓутоа, е мошне сложена со оглед на тоа дека јас не сум единствениот Monty Cantsin на светот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А ти си, покрај твојата емигрантска судбина, роден во оваа зејма, мошне сложена личност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оваа прва акција, иако делумно успешна, им покажала на гемиџиите дека снабдувањето со пари е мошне сложена, ризична и тешка работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кирилицата се приви и заживеа, веќе и затоа што старото монголско писмо е мошне сложено за читање и пишување, настанато непосредно од графички пренос на јазли врзани на јаже, кои се користеа како еден вид на мномотехничко средство за пренос на информацијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Социјализмот беше пресуден за прифаќање на кирилицата во Монголија, со вметнати неколку знаци за типично монголските фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вака го започнува Луан Старова своето портрети­рање на мајката Ервехе, таа сеприсутна и божествена жена, претставена во лик на неопходна реалност – на учесник, директен и индиректен во балканската исто­рија, посебно во еден посложен албанско-македонски кон­текст, во кој е поставена и мошне сложената задача на авторовото белетристичко коментирање на нејзината мисија и стратегија на спас на нејзината семејна егзис­тен­ција и среќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Авторот, Луан Старова, следи и трага по еден своевиден егзил (прогонство, бегство) од Албанија во Македонија на семејство, чие генеалошко стебло е мошне етнички и конфесионално и интелектуално мошне сложено, слоевито и љубопитно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Исто така се обидувам да го разберам неговото непопустливо одбивање да се соочи со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но јас се обидувам да го разберам неговото разбирање на литературата како “синтаксички факт” (“Ла литература ес фундаменталменте ун хецхо синтацтицо”), и неговото често наведувано уверение дека “нестварноста е состојба на уметноста” во врска со неговото признавање дека е несреќен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во еден ран есеј од 1939-та, Борхес веќе го оцртал правецот по кој неговата проза конечно ќе тргне: „Да го признаеме“, вели тој, „она што го признаваат сите идеалисти: халуцинаторната природа на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Освен што тоа звучи наопаку, тоа би било грубо и претерано поедноставување на едно мошне сложено прашање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)