можно (прил.) - ли (чест.)

Можно ли беше Атиџе да се појави? се прашуваше. Ќе измислеше ли нешто да се појави, макар и забулена?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можно ли е да му раскажала и за мојот машки дебакл на кејот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можно ли е, заради таа своја проклета Партија, да не ми дозволи да прочитам една љубовна песна, во која само ќе ја опишам косата на љубената, под сјајна месечина?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можно ли е да се верува во тоа? Којзнае!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можно ли е тие луѓе да го проголтале тоа, само за дваесет и четири часа? Да, го проголтале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А можно ли е тоа да биде палатата на подводниот Вок со едно око?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)