можно (прил.) - повеќе (прил.)

4. Сојузниците ќе се обидат да достават колку што е можно повеќе воен материјал за оваа операција: противтенковско и планинско оружје, експлозиви, електрични запаливи фитили, муниција за нашата пешадија и тешкото оружје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го стави нотесот за забелешки на колената и го оттурна столот назад, за да се оддалечи од телекранот што е можно повеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling): „Единствена можност за опстанок на субкултурите е во тоа тие да се распрснат, да се разгранат колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во врска со комбинациите со букви најстари формални маниризми се „липограмските“ (на пр. песни без буквата с и сл.) и „панграматските“ домислувања (на пр. што е можно повеќе наспоредни зборови со иста почетна буква).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сакам веќе да се вратам... Не е можно повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во мојот кревет, во другата соба, око не можев да затворам од што ја пцуеше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не беше заврнало веќе два месеци!... Margina #21 [1995] | okno.mk 127 Татко ми кружеше како тигар пред машината...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во голем и видлив фонт, Реслеровите билборди повикуваат на преиспитување на постојните односи на моќ и нудат алтернативи кои би биле „помалку хиерархиски, засновани врз идеите на директна демократија и би вклучувале што е можно повеќе луѓе во процесот на донесување одлуки“ 139.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во серијата на билборди, плакати и банери поставени во јавни простори во внатрешноста на низа градови во Европа и Јужна Америка кои го сочинуваат проектот „Алтернативна економија, алтернативни општества“, Реслер ги користи средствата за надворешно рекламирање за претставување на алтернативи на постоечкиот општествен и економски систем.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)