мнозина (прил.) - го (зам.)

Никој не можеше да се пофали дека го видел како навечер влегува в кафеана, арно ама затоа мнозина го гледаа како бега од преполните шеталишта и потонува во сенката на долгите, прави и осамени улици по горните квартови на градот и како се оддалечува од ѕидот и ги заобиколува круговите светлина што паѓаат од уличните светилки врз тротоарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Булеварот „Ленин“ е познат со своите розови дабови, кои му даваат посебна убавина и привлечност и затоа мнозина го наречуваат булевар на „розите“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А мнозина го заборавија тоа така, за веќе ниеднаш да не можеш да ги потсетиш на тоа; беа послаби и отидоа со него и не само затоа што немаа доста здрави раменици за да останат сами во снегов и да му се допрат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)