многумина (прил.) - им (зам.)

Многумина им се радуваа. Или мене така ми се причинуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај не бев далеку од вистината инаку зошто од густите гранки на костените ќе се разлеваа како шумни водопади песните на револуцијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Слушам го зборуваат дека за пари на многумина им потпишувал дека биле борци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вака Мила беше меѓу првите на листата за ликвидација зашто учителот на многумина им бодеше очи, со козлето на прагот на училиштето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нивната неверојатна сличност и младоликоста на Јана, на многумина им го матеше умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имено, кога се навршија три години од Бошевото заминување, а од никаде не стигна глас за него и Јанческите одбија, како што ги советуваа некои и како што носи редот Христијански, да му ископаат гроб и да закопаат во гробот нешто што беше негово, колку да се знае дека постоел на земјава и дека останало нешто по него, и згора на тоа во истото тоа време се случи да купат од Салиовци првин нива во Чекутки, а набрзо потоа и ливада и корија во Трн Дабје, на многумина им стана чудно од каде нив толку пари за да купуваат земја и им даде за право да си помислат и да почнат да зборуваат дека Јанчевци точна знаат оти Боше е жив и оти точно знаат кај се најдува, само, зашто така им одговара, кријат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)