многумина (прил.) - го (зам.)

„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го убија баш таа ноќ кога тој одлучи да ме преведе во светот на вампирите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ти ии! шо такцир сме имале, живи да нѐ печат агите, бесот да и вати и едните и другите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Останатото многумина го знаат подобро од мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка. — Леле, мајче ти мила!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Суштината на расправата на Ибн-Калдун, арапски социолог од 14-от век кој многумина го сметаат за татко на социологијата, е студија за она што ние би го нарекле “ национализам “.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што многумина го посакуваа а немаа сили да го сторат тој ќе го изведеше како на шега.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓу луѓето во ЗЕРО постоеше еден либерален став кои многумина го толкуваа како несериозност, со исклучок на Владимир Величковски, и Сузана Милевска, тогаш на почетокот на кариерата како критичар, така што во еден момент ни самите не знаевме кој сé е член во ЗЕРО зашто многу ни се приклучуваа неформално (Штур, Ема, Шилјо, Тања, Тони, Џенгис, Балов и др.).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)