многу (прил.) - рано (прил.)

Таа мисла ја мачеше Доста, но беше уште многу рано за да презема некакви мерки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За некаква ергенска и моминска љубов да се мисли, беше многу рано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа работниот ден во Париз отпочнува многу рано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ние в куќи, во семејството, уште многу рано, рано во животот, постојано слушавме дека Сталин, само тој и никој друг е виновникот за сите наши несреќи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше уште многу рано. Одвај првата виделинка се лепеше за малиот прозорец, кога се крена тој невообичаен, настрвен лаеж на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу рано те дадоа да пцовисаш, си велам за себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе, само татко му беше излегол во двор, со прво него го видел и од жал што му паднало се расплакал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)