многу (прил.) - лесно (прил.)

Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За разлика од Ниче, кој бил толку опседнат со својата независност што секогаш ја истакнувал жестоко и мегало­ ма­ни­јачки наспроти општественото стадо кое го сметал за глупо и пасивно, Бојс својата независност ја пронајде во симбиотското спојување со публиката а не во спротивставување на истата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој многу лесно се движел, и во обете насоки, долж континуумите помеѓу стадото и независноста, присноста и индивидуалноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За некои тоа прашање е многу лесно: нека се признаат неколку официјални јазици, т.е. и турски, и бугарски, и српски, и грчки, и влашки и албански, според населението на областа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Сега кога виде каков сум навистина, можеш ли и понатаму да поднесеш да ме гледаш?“ „Можам, многу лесно.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако требаше да се убијам од миење чаши, успеав да најдам малку задоволство во музиката, па дури си поигрував како тоа да беше многу лесно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакав да ѝ речам дека не знам каде живее, но секако беше многу лесно да најдам каде живее, ќе ми каже тетка Рајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сакате? - ја држеше издолжена празната чаша кон рибарот кој му туриваше радосен што тргна работата, што проблемот ќе се реши многу лесно, без мака, без страв и неспокојство.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ама, мене ми е петто доаѓање, веќе направив и преписка со таинствената дама која, меѓу другото, по разводот кој ми го факсираше, се омажила за познат српски актер, па така многу лесно ја пронајдов.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сепак генерално, секој сакаше да има своја шамија и мислам дека многу лесно можеше да ги убеди родителите да не прават економија на овој соц-реалистички артефакт.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Многу лесно – попушти – ќе ги соберам другарите и ќе им појдеме на оние копилиња во паркот, лом ќе ги направиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу лесно тоа можеше да биде неговата нога, неговата натколеница, беше среќен што не беше таа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А што му знаеш каде ќе го опне сега, може многу лесно и на нашине темели“, - шепна некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Многу лесно замислуваш дека тоа ќе оди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Порано чувствував одбивност кон таквите суштества и за мене беше неутешно кога размислував дека така завршиле толку многу луѓе од нашиот занает…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Притоа, постојано устата му беше полна со маја Рајна, мајо сердце!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели, дури ни магарето не поминува многу лесно преку синорот во туѓа мумуруска.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ногу лесно ќе го познајш“, рече, „носо му е баш ко шило, зато така го викаме“, на Бит пазар е, кај кондураџиите!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)