многу (прил.) - доцна (прил.)

XXXIX Татко се разбуди порано од обично, макар што ноќта си легна многу доцна читајќи книги за жртвувањето, односно за курбанот, втор збор од листата на опасните османизми за кој Климент Камилски требаше да реферира според договорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А сега? Е, сега е многу доцна, оти таа одамна е почината.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Многу доцна ве пуштаат, рече таа. Изгледаше како да не ја очекувала.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го најде својот самјак многу доцна, дури на последното легало, за кое знаеше, во една шума што се паѓаше веќе во некој туѓоселски синор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)