многу (прил.) - јак (прид.)

Прво тоа одеше со зборови, но се чини дека и двајцата не се чувствувавме многу јаки во љубовната дијалектика, и затоа наскоро преминавме кон нешто понагледно, кон премерување на своите физички сили.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Доколку дрогата би била достапна само на регистрираните уживатели, нерегистрираните и понатаму би се снабдувале на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Британското искуство ги покажува недостатоците на овој систем. Само мал број лекари со посебни овластувања имаат право да препишуваат кокаин, дипипанон (еден многу јак наркотик) и хероин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Правеше максимални напори да му ги намали болките.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Брз, импулсивен, по малку конфликтен, а имаше душа да го собере целиот свет. Работлив, темпераментен и физички многу јак.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас тогаш бев многу јака и работата се плашеше од мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)