многу (прил.) - стар (прид.)

Право да ви кажам: малку сум и лута на учителката по виолина која не ми кажа со време што да правам кога меѓу знаците на нотниот пулт ќе ми слета некоја волшебна птица сета расчучулигана и распавтана со многу стари песни што не ги знае ни татко ми.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Еден многу стар човек, подгрбавен но подвижен, со бели мустаци што стрчеа напред како на рак, ја турна подвижната врата и влезе внатре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До катот каде што беа собите водеа дрвени скалила кои крцкаше кога се качувавме по нив, а на крајот, кога ќе се искачевме, пред да почне ходникот со вратите кон собите, имаше една многу стара машина за шиење, поставена како сувенир.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Лунѕав однадвор околу олтарот, каде што имаше еден гроб, очигледно многу стар, со остатоци од искршена плоча.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лебами, да најдам нешто, ни многу младо, ни многу старо - ќе се женам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А многу стар ни е автобусот, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите чекаат остарениот, многу стар играч да замине во светот на претците.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Свртувам тука и држам волан по тесниот пат со многу кривини и покриен со сенките на густите и многу стари буки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
МЛАДИЧОТ: (Покажува со револверот.) Одамна ли го имате? Моделов е многу стар?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Толку многу стари Србинки ми беа раскажувале за Скадарската кула, што едноставно сакав да го видам нејзиниот излижан камен и да се уверам дали тука постои, како што се раскажува, млечна белузлава трага...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во миговите што минуваа се чувствуваше многу стар, потоа многу млад, потоа многу студен, потоа многу топол, час едно, час нешто друго.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)