многу (прил.) - богат (прид.)

Додека во трпезаријата јадеа пита со спанаќ, госпоѓа Мариела се надоврза на приказната од филмот: „Мила моја Ема, јас доцна дознав дека животот е толку многу богат со пикантерии кои постојано се случуваат околу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не ја сфатив сосема причината но во еден момент таа му се обрати на сениорот Џорџ: - Ти имам речено и пак ќе ти речам: човеков е виновникот што тебе те избрав за сопруг. – Знам, знам – грлено се смееше сениорот Џорџ. – Зарем ти немам речено дека Македонија е богата со умот, многу богата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, имаше, имаше и други такви денови, вредни за паметење, за кои бев сигурна дека никогаш нема да ги заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Што не земаш и ти? - го прашав. - Па да бидеме многу богати?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Се согласуваш со мене, Дудо? - прашуваше Џорџ сениорот и грлено се смееше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога ќе почнете со чичко Кара да изработувате ситна пластика, ќе бидеме ли многу богати? - Да, - се насмеа татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И во тој ден се сметав многу богата. Најбогата...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)