многу (прил.) - жал (имн.)

Кога ја виде Ане таква слаба, згрчена, расплакана и навалена врз тротоарот, на Дора одеднаш ѝ стана многу жал, па и покрај тоа што беа скарани, отиде да ја праша зошто плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- - Треба да ти е многу жал, бај Рангеле?- Не прашај... И жената ми умре ама што!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А ние рикавме, божем ни е многу жал дека си оди.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бреза во тој момент влезе во собата и кога ме виде дека плачам, ми се фрли во прегратка и почна да ме смирува: - Батенце, не плачи, мене ми е многу жал кога плачеш. Да не те боли нешто?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И не прескока година. Ми стана многу жал дека го повредив јаболкничето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)