многу (прил.) - ни (зам.)

„Ние, ете, само колку да се запознаеме и да ве поздравиме, и многу ни беше мило“, рече Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ни се налути нешто, велам, нешто многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога Гаврил беше трета година средно тие повеќе пати го земаа на гости кај нив во Вермонт, тоа многу ни значеше и нам како родители, бидејќи има некој во туѓина којшто се грижи за нашиот син.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Да, по пат и на други и на овие патишта тука во Прењес многу ни умреа и сакаме да знаеме каде се погребани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оние Меги и Душко од Студио „Пинокио”, приватното школо за англиски, се сјајни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Плачевме по пат во автобусот на враќање, толку многу ни беше убаво на летување што никому не му се враќаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тие тешки моменти многу ни помогнаа Милја и Нино, нашите пријатели, двајцата доктори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Хахаха, иако бил христијанин, тој изгледа многу ни бил сличен во однос на жените. Такви ли се сите Власи, ибн Тајко?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)