многу (прил.) - се (гл.)

Братск не е многу далеку од Омск, каде што, нели, претстојувал другарот Тито кога џишнувал Сибир и тука, во Братск, саде за братски делби зборат, брат брата не ранел ама тешко кој го немал, луѓето во Братск многу се слични на едни Балканци во изумирање кои само за братство и единство и за други свечени песни од старата татковина кога ќе се напијат си ги кинат грлата – Републико мајко наша, од Вардара па до Триглава... Демек!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Прво, многу се далеку. А на тој припек без вода... после првото јако сонце смолницата се претвораше во тарана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А нашите другарчиња - треба да си искрен - многу се иницијативни, на пример, први покренаа изложба на домашни миленичиња, или изложба на икебани што сами ги изработуваат, за тоа минатата година имаше на еколошката страница, па дури и фотографија во колор - од натпреварот за најуспешна икебана.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега многу се тие кои ја посетуваат пештерата која од некогашно мечкино дувло, денско живеалиште на лилјаците и пајаците и седиште на мракот и несреќите, стана туристичка атракција...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не се оди: меѓу буките свиркаат куршумите, шрапнелите, се нишаат дрвјата. Многу се. Ај назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сегашните руско-австриски реформи многу се разликуваат од Берлинскиот договор со тоа што тие се само меѓународен акт склучен меѓу три држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали беа многу? Колку е тоа многу? Колку? Колку се многу –повторува - многу се многу.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)