мирно (прил.) - продолжи (гл.)

- Не е важно - мирно продолжи тој, како да знае што размислувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој се врати на своето место и мирно продолжи: – Јас, мила, убаво ги проценив сите околности за да се патува во Италија или не.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко го упати погледот кон врвот на својата биб­лио­тека каде што беа наредени Библијата, Куранот и Тал­мудот и мирно продолжи: – Според Мојсеј, Христос и пророкот Мухамед, чове­кот го доживува најголемото страдање кога ја напушта родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)