меѓусебен (прил.) - ќе (чест.)

- Миличок, учи да се штедиш – ми вели Хорацио, додека ми го менува облогот – Енергијата ќе ти притреба за да засакаш кога сите меѓусебно ќе се мразат и убиваат, за да се насмевнеш кога сите ќе се муртат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Градовите меѓусебно ќе бидат поврзани со експресно метро, каквошто сега постои меѓу „Етоал“ и „Ла Дефанс“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде Кравар најпосле зазема позиција внатре во сосема рецентните политички спорови и ѝ се спротивставува на раширената теза за “национално помирување”, според која сонцето конечно ќе ни светне дури откако бившите усташи и комунисти меѓусебно ќе си пружат рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)