масовен (прил.) - востание (имн.)

Го предупредил Дамета дека народот не е вооружен, дека илјадата пушки што се очекувале да дојдат од Грција преку Солун не пристигнуваат84, накусо дека Организацијата не е готова да дигне и да раководи едно масовно востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имено Мечев во хотелот “Вардар“, каде што отседнал Даме, отворено му рекол дека Гемиџискиот кружок бил против масовно востание, затоа што сметал дека тоа не можело добро да се организира при тие услови и затоа што резултатите од едно такво движење ќе бидат такви што населението горко ќе настрада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури и да се организира и да се крене масовно востание, тоа, според нив, ќе му донело само несреќа на измаченото население, но не и слобода.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние не го разбиравме Делчев, кој го определуваше народното масовно востание како единствено решение во борбата против ропството, и, наместо да го поврземе нашето дело и да го потчиниме на очекуваното востание, заживеавме со илузијата да го изместиме, и сами, со својот личен хероизам, да ја разрешиме задачата што само народното востание може да ја разреши.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)