масовен (прил.) - го (зам.)

КАПЕТАН НИКОЛА ОД АСПРОВАЛТА МНОГУ е мачно излегувањето од Солун кон Серез и Кавала, а токму од оваа магистрала скршнува патот кон Аспровалта и Ставрос, крајморски места на Егеј, каде што Југословените масовно го минуваат годишниот одмор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прогласувајќи го целото население за морално одговорно за динамитната акција, тие масовно го праќале во краевите од каде што тоа во минатото било преселено во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)