малку (прил.) - поинаку (прил.)

Змејко не можеше да стори ништо за да биде малку поинаку меѓу него, Претседателот и бригадирот Језекила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Импулсот може но не мора свесно да се потиснува, а чинот може но не мора да е предмислен или планиран. (ICD-9-CM) Вебстеровиот речник ја дефинира „присилата“ малку поинаку од „неодолив импулс да се направи некој неразумен чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има издадено четири збирки поезија: „Љубов каде си“ (1997), „Малку поинаку“ (2002), „Полиглот на тишината“ (2007) и последната „Зборот во тесен чевел“ (2012).
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ете, ѝ беа мил спомен. Се знаеше, ги облекуваше само за државните празници и тогаш, о боже, одеше малку поинаку одошто обично.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)