малку (прил.) - налево (прил.)

Тоа беше она што од далеку се гледаше како огромно зелено поле. Свртеа малку налево.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А мрдни се малку налево, нанадесно: ѕрн, ѕрн, ѕрн! — ѕвечат синџирите, окопците, павтите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)