малку (прил.) - вода (имн.)

За оваа активност обично се бараат многу плитки реки каде што има многу риба а малце вода.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дежурната болничарка подаваше пијалоци на карневалот, и немаше кој да им подаде вода на оние кои умираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Дали би сакал да ни наполниш малку вода во матеркава?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Меле, како воденица со малку вода. Лицето му е со пот обросено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Контрастот е очигледен: десната страна - водата се повлекла, најпрвин било тиња, сега е распукана сува земја, штици за премин од она малку вода накај шамакот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Малку водаМалку вода,“ молеше старецот кој умираше на душекот наместен на подот под прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Можеме ли да добиеме малку вода, ве молам сењор“ Тоа беше момче од околу дваесетина години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)