луциден (прил.) - го (зам.)

Имено, за оној кој не е правник – можеби и апсурдно делува податокот дека за спор од 100 ЕУР, парничните трошоци [теоретски, но и практично] може 2.  На пример: Нешевски vs РМ (Жалба бр. 14438/03, Пресуда од 24.IV.2008); Ѓозев vs РМ (Жалба бр. 14260/03, Пресуда од 19.VI.2008); Димитриева vs РМ (Жалба бр. 16328/03, Пресуда од 6.XI.2008); Димитриевски vs РМ (Жалба бр. 26602/02, Пресуда од 18.XII.2008) и др. 303 да изнесуваат и 500 ЕУР па и повеќе, што зависи од околностите под кои се одвива секој конкретен случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЕСЧП, во точката 52 од својата мериторна одлука, луцидно го појаснува ова право и вели: Овој Суд смета дека е [наполно] бесмислено Конвенцијата да регулира како [да] тече постапката за таа да биде правична, брза и сл. – доколку, претходно, не го обезбеди круцијалното [човеково] право на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)