лесно (прил.) - достапен (прид.)

Филмот е лесно достапен на ДВД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спорот настанува заради неисплатени осум плати последователно (за периодот од мај до декември 2008 год.), како и заради перманентните лажни ветувања давани од страна на раководството дека тие плати ќе бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ни се чини дека имаме работа со кончети во смислата на Зукариевите “disegno-metaforico-fantastico”, со узорни примери чија метафорика е лесно достапна.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Воздухот ја има таа предност што е лесно достапен; освен тоа ние имаме органи што, се чини, се направени посебно за обликување на воздушните бранови во симболи - нивно преобразување во “фонеми.” (Прашањето што произлегува од тука а се однесува на нејасната врска меѓу вродената и стекнатата информација мора да се одложи на страна: говорот, лингвистичката способност е вродена но секој одделен јазик мора да се стекне.) Но, воздушните бранови се неповолни затоа што се подложни на звуци коишто ја разложуваат информацијата што е складирана во нив.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)