лево (прил.) - десно (прил.)

Погледна горедолу, лево десно, нигде жива душа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Сите патишта лево десно ги знам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гледаше лево десно, по познатите предели крај патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Какос сега - лево десно, од ѕид до ѕид, од бандера до бандера, со една боја пред очите, со еден шум во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па така, секој слободен миг момчето го поминуваше со лопата во рака, фрлајќи го снегот лево десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се врти лево десно, се занесува над провалијата. Леле, реков, ова ќе нѐ стемни...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И еден постар човек во скршени години со побелена коса која му оди околу темето со ситни мониста кои ако ја заврти лево десно ќе се растурат во калта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Какви вреќи бре будало, тргај по мене и не туку пули лево десно! со поткренат глас го влече Трифун.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сотирчо, штотуку допаткал околу петтата, наврен во зелена фанелка и басмени пантолонки, туку се тегни лево десно и подвикнува Бате, ене вреќа! Бате, ене вреќа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дине, онака сув, коскест, повисок од другите, црн како црниот ден, како црната кал долу, ја врти главата лево десно чиниш сега сосема си доаѓа на себе, како да се разбудува од некој долг сон што никако да го напушти па не знае дали ова е нешто ново во неговиот живот или оваа слика е стара и сега само му се повторува!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рашетак мори Чано, испулив лево десно, човек мора да знае кај е фрлен, си а уставив миризмата у дворот, зад кујќи, у градините.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чана ја спушта бовчата крај огнот, ама синот на Богородица свикува Во е нашо место, околу огнот, лево десно - кај сакаш!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Разбрак, Чано! ја одвртува големата снага на Чана со тоа што влегува во пиперките и согазувајќи неколку корења и излегува на патчето зад неа и продолжува нагоре со тоа што сега не мава лево десно со стапот, туку по средината на патчето, кревајќи прашина и заглушлив глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Згора на тоа Хераклит го употребувал терминот со значење “се ниша (лево десно), разнишан е”; Аристотел го употребувал со значење “се кине, се отпарува, се одвојува”; а Плутарх го употребувал во смисла на “одвлекува”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)