лаком (прил.) - го (зам.)

Сите со занес, зинати го слушавме, секој негов збор лакомо го голтавме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека лакомо го вдушуваше чадот од цигарата и додека радосно се смееше, се подисправи и ги истакна своите предизвикувачки дојки што на Еда веќе му го имаа направено потребниот впечаток во мерка повеќе од доволна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја крена раката решително и брзо ја принесе кон устата, силно повлече чад и, додека лакомо го вдушуваше, му се расмеа на авторот со целото лице широко откривајќи ги своите бели и сочни заби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Јас би се обесил“ – потспотна едниот, а потоа и згодната сфати и лакомо го наостри јазикот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)