лажно (прил.) - јас (зам.)

Таквиот систем на лажно јас е легло на параноидни стравови, бидејќи лесно доаѓа до тоа системот на лажно јас, којшто се шири за да опфати сѐ и од којшто сопственото јас се има откажано, сметајќи го за чисто огледало на туѓиот реалитет (објект, предмет, механизам, робот, мртовец), да почне да се смета како туѓо присуство или туѓа личност во своина на индивидуата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бидејќи сопственото „јас” се има откажано од секакво учество во него, системот на лажно јас станува територија во рацете на непријателот, контролирана и раководена од туѓа, непријателска разурнувачка сила.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потем помолче и рече: „Затоа планината се урна кога се обидов умножение да сочинам, отисок од првиот збор, кој беше јас; оти гневот Божји се јавува кога некој лажно јас зема за свое, како Дариј што направил со она јас што му припаѓало на Соломона!“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сѐ што тој е, по дефиниција, потпаѓа под системот на неговото лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Проблемите на нејзиното карактеристично негување на чувството на вина, нејзината неинтегрираност, природата на нејзиниот систем на лажно јас и нејзината немоќ да го издиференцира своето битие од битијата на другите, беа тесно поврзани.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)